„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна
Објавено во: Свет 20 Септември, 2023 15:24
Расте револтот во Либија по разорните поплави. Демонстрантите ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна, Абдулманам ал Гаити. Властите им наредиле на новинарите да го напуштат градот, обвинувајќи ги дека го попречуваат спасувањето.
Демонстрантите се собраа пред градската џамија во понеделникот вечерта, барајќи оставка од претставниците на источните либиски власти.
Интернетот и телефонските врски сè уште се во прекин, а на медиумите им е наредено да го напуштат градот, каде што повеќе од 10.000 луѓе се водат како исчезнати откако две брани пукнаа поради обилните врнежи, а официјалниот биланс на загинати е 4.000.
Обединетите нации соопштија дека еден од нивните тимови не добил дозвола да влезе во Дерна.
„Можеме да потврдиме дека тимови за пребарување и спасување, медицински тимови и колеги од ОН веќе се во Дерна. „Меѓутоа, на тимот што требаше да го напушти Бенгази денеска му беше одбиен влез во градот“, изјави за Ројтерс вработен во една од хуманитарните организации на Обединетите нации.
Жителите тврдат дека не биле навреме и соодветно информирани, иако имало најава за обилни врнежи. Додаваат дека им било кажано да останат дома наместо да се евакуираат, но надлежните тоа го демантираат.
По падот на Моамер Гадафи, Либија е поделена и има две влади – едната признаена од Обединетите нации со седиште во Триполи, а другата на истокот на земјата предводена од воениот командант генерал Калифа Хафтар.
Хафтар ги нарече поплавите природна катастрофа, со која многу Либијци не се согласуваат. Велат дека источната администрација ги напуштила браните и покрај предупредувањата дека се во лоша состојба.
Откако либиските власти пријавија широко распространета дијареја меѓу жителите на поплавениот град Дерна кои пиеле загадена вода, Мисијата за поддршка на Обединетите нации во Либија предупреди дека ширењето на цревна болест во областа, каде што поплавите убиле повеќе од 11.000 луѓе минатата недела, ќе биде „уште една разорна криза“ која тешко би се надминала.
foto EPA-EFE/STRINGER
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




