18 Декември, 2025
0.2604

Врховен суд? Капут! Дали заткулисни игри со изземање и промени на судии му пресудија на „Скопски пазар“ ослободувајќи од вина осудени поранешни директори?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Трилерот во Врховен суд се претвори во хорор филм за „Скопски пазар“. Дали одбиеното барање за изземање на судија известител се трансформира во негово барање за изземање од предметот за „Скопски пазар“?  И зошто советот судии од Врховниот суд наместо да одлучи мериторно за вината на претходно осудените лица, одлучи да го врати предметот на повторно судење иако знаеше дека така ќе настапи апсолутна застареност?

Советот на судии од Врховниот суд за случајот „Скопски пазар“ не одлучил мериторно за вината на обвинетите и со тоа практично овозможил апсолутна застареност за осудените поранешни директори и екс-акционери на оваа скопска компанија.

Осумгодишната судска голгота на „Скопски пазар“ судиите од Врховниот суд по две осудителни пресуди од пониските судови ја доведоа во ќорсокак и со тоа, очигледно, дадоа свој придонес за и така нискиот рејтинг и доверба на македонскиот правосуден систем.

Наместо да одлучат мериторно за вината на поранешните директори во „Скопски пазар“ судиите од судечкиот совет на Врховниот суд одлучиле предметот да го вратат на повторно судење. Со тоа се создадоа услови за настапување на застареност на гонењето на Давитковски и на други лица кои во тој период биле во структурите кои управуваат со „Скопски пазар“, изјави Јосиф Филиповски, адвокат на „Скопски пазар“.

Тој додаде дека од крајот на март досега Врховниот суд не им овозможува увид во материјалите од предметот што влева сомнеж во начинот односно во законитоста на постапката која се водела пред овој суд. Особено ако се има во предвид дека судечкиот совет кој одлучил во предметот не бил во состав на редовниот совет кој постапува во предмети од конкретната материја, а Врховниот суд нема известено за причините поради ваквата промена, иако на предметот му дал значење на предмет од интерес за јавноста објавувајќи посебно известување на својата веб-страна за донесената одлука.

Што се случи во Врховниот суд?

Против пресудата на Апелациониот суд Скопје обвинетите – поранешни директори на „Скопски пазар“ изјавија жалба до Врховниот суд, кој ја укина второстепената пресуда во март и го врати предметот на повторно судење каде што постапката не можеше да продолжи поради настапена застареност.

Адвокатот Филиповски појаснува дека ваквиот епилог на постапката не значи ослободување од вина на обвинетите, туку само постоење на процесно-правна пречка за нивно натамошно кривично гонење, а ова со оглед на последните измени на Кривичниот Законик oд 2023 година кои Европската Kомисија ги оцени негативно во својот годишен извештај за Македонија во делот на борбата со високиот криминал и корупцијата и за кои Уставниот суд неодамна одлучи да поведе постапка за оценка на нивната уставност.

„Фактор“ упати прашања за оваа тема до Врховниот суд и ако добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

„Фактор“ упати прашања до Врховниот суд за евентуални промени на судии во судечкиот совет во предметот, меѓутоа на истите не доби јасен и конкретен одговор, туку само воопштено известување дека советот кој одлучил бил наведен во донесената одлука и дека истиот бил составен согласно закон, судски деловник и годишен распоред.

Со цел објективно известување на јавноста во целост и интегрално го објавуваме одговорот од Врховниот суд: „Предметот ВКЖ 2 -12/25 е одлучен во состав од судии наведени во одлуката донесена на 26.03.2025 година. Советот кој одлучувал по конкретниот предмет е составен согласно законските прописи, Судскиот деловник, Одлуката за годишниот распоред за работа на претседателот и судиите на Врховниот суд и Одлуката за измена и дополнување годишниот распоред за работа на Претседателот и судиите на Врховниот суд.“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?