14 Декември, 2025
0.0422

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Обилни врнежи ќе имаме вечерва и утре

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2024 08:35

Добивај вести на Viber

Првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат денес попладне и навечер, како и утре (вторник). Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а утре (вторник) од северен правец.

„Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион денес попладне  и навечер, како и утре (вторник) ќе започнат врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме. Апелираме во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено утре (вторник) кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Да напоменам дела за време на овој прв бран на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2)“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Граѓаните да бидат претпазливи. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина