06 Декември, 2025
0.0336

Време за дивиденда: Колку ќе даде „Макпетрол“ на своите акционери?

Објавено во: Економија 26 Април, 2021 07:17

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ и годинава на ниво! Ќе дели иста дивиденда како и во 2019 година. Ова особено добива на тежина и е за почит затоа што е голем аргумент за односот на менаџментот на „Макпетрол“ кон неговите акционери. Затоа што дивидендата е иста како претходната година иако добиваката заради корона кризата е многу пониска од 2019 година

Најголемата компанија за продажба на мало на нафтени деривати – скопски „Макпетрол“ годинава ќе подели 3,3 милиони евра бруто дивиденда на своите акционери. Тоа е 58 отсто од добивката по оданочување што лани ја оствари друштвото во своето работење. Секој акционер на компанијата годинава ќе добие по 2.000 денари дивиденда, односно на сите акционери домашни физички лица (ги има над 2.300 лица, кои поседуваат 60 отсто од акциите н.з.) на сметка по одбиток на персоналниот данок на доход ќе им легнат по 1.800 денари за акција. Со оглед на последната пазарна цена на таа акција тоа е принос од 2,3 отсто и е конкурентен на вложување во орочен банкарски депозит.

Многу е значајно да се истакне и тоа што „Макпетрол“ води особена грижа и за вработените (од кои значаен број се и акционери н.з.) па освен дивидендата ќе ги мотивира и со еден милион евра од добивката што е остварена лани.

Така, во одлуката за распределба на добивката е предвидено 60 милиони денари односно безмалку еден милион евра да бидат за стимулација на вработените во „Макпетрол“. Планиран е и „стимул“ и за раководните лица на кои друштвото ќе им подели 100.000 евра. Со горенаведените наградувања „Макпетрол“ е на извесен начин своевиден модел на корпоративно наградување кое теоретски потсетува на социјалистичките теории според кои вработените треба да учествуваат и во распределба на профитот затоа што учествуваат во неговото создавање со својот труд.

Како и да е деловната политика на менаџментот на „Макпетрол“ со овие мерки е за пример и покажува особена грижа за сите нивоа на своите вработени, а и за сите акционери едновремено.

Како работеше „Макпетрол“ лани може да прочитате на следниот линк Групата „Макпетрол“ ја порази короната! Сеопфатната добивка е 6,4 милиони евра


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?