ВРЕМЕ КОГА СЕ ЗАПИШУВА СЕМЕСТАР, НО И КОГА СТУДЕНТИТЕ СИ ГИ ЗЕМААТ ДОКУМЕНТИТЕ: Причината е аплицирње во странство
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2024 14:34
Во тек е испитна
сесија на факултетите и период кога се запишува летниот семестар. Но, не сите
подготвуваат испити или пак се спремаат да го слушаат наредниот студентски
семестар. Воопшто не е занемарлив бројот на оние студенти кои се отпишуваат од
некој од факултетите со намера да аплицираат на некој од странските
универзитети. Ова за Фактор го потврдија и дел од службите за студентски
прашања, пред се од техничките факултети.
-Само во текот на вчерашниот ден од факултетот се отпишаа десеттина студенти. Се пополнува еден образец со такса од 50 денари, на факултетската сметка се уплаќа 1.000 денари, се зема и потврда од библиотеката дека студентот не должи книги и се приложува индексот. Во молбата за испис, студентите како причина навдоа аплицирање на факултет во странство. Ова се случува поинтензивно последниве неколку години, за жал. Ваквата појава ни укажува на фактот дека не само голем процент од матурантите заминуваат да се едуцираат надвор од Македонија. На додипломски студии се запишуваат и веќе тука запишани студенти во првиот уписен рок, а се отпишуваат сега, кога треба да запишат летен семестар, велат од службите за студентски прашања на факултетите при УКИМ.
Оттаму за Фактор не ги наведоа причините поради кои студентите носат поинаква одлука, но во разговор за Фактор, нашите идни академски граѓани, велат дека одат во странство поради подобра перспектива.
-Не доценев лани да аплицирам во странство. Прво сакав тука да завршам во Скопје додипломски студии, па потоа да изберам некоја од мастер програмите кои се нудат на европските универзитети. Сепак, сега ја променив мојата одлука. Лично ценам дека ќе се стекнам со поквалитетна наобразба и дека ќе бидам многу поконкурентен со диплома од универзитет кој е високорангиран на Шангајската листа кога ќе аплицирам за мастер програма. Тоа секако ги зголемува и шансите за полесно вработување. Свесен сум дека една година ми е жртвувана, ќе трреба да почнам од почеток од прва година, бидејќи не правам трансфер, но имам само 19 години, така што ништо не е загубено, вели Димитар Г.
-Јас бев решена уште веднаш по завршување на средното училиште да заминам, но морам да признаам дека родителите малку ме разубедија, сакајќи да останам тука. Студиите одлично ми одат, веќе положив три колоквиуми, но мојата перспектива дефинитивно ја гледам надвор од Македонија. Одлично зборувам англиски, германски и шпански. За првите два имам и официјални сертификати, шпански ќе полагам во март. Сега си ги земав документите и веќе го дополнувам CV-то, и се што е потребно за аплицирање во странство. Можностите за нас младите се далеку поголеми, вели Елена. Н
Според социолозите и демографите, иселувањето од Македонија кое првично е поттикнато од желбата за поквалитетно образование, станува трајно особено поради фактот што се работи за млади луѓе од 18, 19 и 20 години, кои во странство се градат како професионалци, влегуваат во сериозен работен однос, имаат одлични примања, и секако дружењето, социјалниот момент кој придонесува за цврсти љубовни врски по што и не размислуваат веќе за враќање назад.
Анита Буховски
ФОТО: МИАМожеби ќе ве интересира
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?




