14 Декември, 2025
0.3628

„Време е да се искорени лошата репутација на никотинот“

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2024 11:47

Добивај вести на Viber

Никотинот долго време беше на лош глас, што и не чуди, бидејќи е составен дел на цигарите, кои генерално се штетни. Но, никотиноткако молекула сам по себе, не претставува никаков значаен здравствен ризик за луѓето, гласат зборовите на клиничкиот психолог и истражувач, Карл Фагерстром од Шведска.

Фагерстром, како долгогодишен истражувач на тутунот и никотинот и автор на книгите Tobacco Smoking and Nicotine Depadence и Smoking Depadence, смета дека шведското искуство во користењето на алтернативни никотински производи за намалување на стапката на пушење покажало парадокс, што ги отвора очите: и покрај сличните нивоа на употреба на никотин како во остатокот на Европа, Шведска бележи значително помалку здравствени проблеми поврзани со тутунот. И тоа не е случајност.

Во извештајот „Без чад, помалку штета“ што го напиша со почитувани меѓународни здравствени експерти, Фагерстром се обиде да ги истакне податоците и научните докази кои покажуваат дека е важен начинот на консумирање, а не самото консумирање на никотинот.

Со други зборови, може да се каже дека додека пушењето предизвикува голем број здравствени проблеми, користењето алтернативи без чад го нема истиот ефект. Во Шведска избрале помалку ризичен начин на консумирање никотин, што доведе до значително подобри здравствени резултати.

На тој начин, во споредба со европскиот просек, Шведска има 38 отсто помалку смртни случаи поврзани со тутунот и 41 отсто помала зачестеност на ракот на белите дробови.Во исто време, приближно 1 од 4 луѓе во Шведска консумираат никотин, што е приближно исто како и во БиХ, што значи дека Швеѓаните не го избегнуваат никотинот, туку едноставно прифатиле побезбедни форми на внесување никотин.

Историски гледано, ставот на јавното здравство е јасен - никотинот е непријател. Сепак, иако во Шведска количеството на употреба е подеднакво, не е и начинот, бидејќи се внесува преку никотински ќесички и други алтернативи без чад, а не со согорување на тутунот, пишува Фагерстром.

Како им успеало тоа на Швеѓаните? Решението било во поинаква перспектива во однос на никотинот. Со едукација на јавноста од една страна и носењето соодветни прописи со кои се регулира употребата на никотин, од друга страна, може да се ублажат здравствените ризици без потреба од целосна забрана.

Фагерстром го споредува никотинот со кофеинот. Како и кофеинот, никотинот за многумина е постојан придружник, за некои е порок, а за други утеха. Тој верува дека овој пристап покажува дека фокусот треба да биде на тоа како се користи никотинот. Доколку не се направи јасна разлика и не се пружат јасни информации, постои ризик да им се наштети на луѓето на кои им е потребна помош, односно на пушачите кои сакаат да се откажат од пушењето.

Во поопширната верзија на извештајот „Без чад, помала штета“, Фагерстром го повикува светот да ја преиспита војната против никотинот и повикува на глобална промена на стратегиите за намалување на штети, кои би можеле да спасат милиони животи.

„Тоа е повик до креаторите на политиките, здравствените работници и општеството во целина да престанат да го демонизираат никотинот и да го препознаат вистинскиот непријател - чадот, а не супстанцата. Шведска е доказ за тоа што е можно кога ќе се направи разлика помеѓу зависноста и болеста. Време е глобалната заедница да ги следи доказите од Шведска и да ги употреби како нацрт за поздрав свет“, заклучува Фагерстром.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија