03 Мај, 2024
0.0247

Вработените во Телеком организираа еко-акција за чист Градски парк

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

                                                    

  • Втора по ред еко-акција за чистење во која учествуваат вработените во Телеком, како дел од долгорочната компаниска иницијатива #Telekom Goes Green

Вработените во Македонски Телеком денеска спроведоа акција за собирање на отпадот во Градскиот парк. Во рамките на оваа еко-акција, повеќе од 150 вработени во Македонски Телеком заедноучествуваа во чистење на расфрланиот отпад на потегот од хотелот Александар палас до централниот дел од Градскиот парк.


Напредокот на технологијата секогаш мора да оди паралелно со напредокот на свеста за нејзиното влијание врз животот на граѓаните и врз општеството. Во тој контекст, вработените во Македонски Телеком како телекомуникациски лидер, со години наназад ја негуваат општествената одговорност како практика и имаат висока свест за важноста од грижа за животната средина. Свесни дека секоја промена во општеството започнува првин од секој поединец, главната цел  е со лични примери да се постигнат позитивни резултати. Идејата на ваквите акциии е со заеднички труд, полека но сигурно да се подигне еко-свеста  во општеството, да се поттикнат поединците и организациите за подобрување на животната средина, со што ќе се обезбедат услови за безгрижен раст на младите генерации во иднина.

Чистењето на Градскиот парк е втора по ред еко-акција годинава во која учествуваат вработените во Македонски Телеком, како дел од долгорочната компаниска иницијатива #Telekom Goes Green.Првата акција за чистење се одржа на почетокот од јуни кога вработените го собираа отпадот од парк шумата Водно.

Со желба да дадат позитивен пример и повик за одговорно однесување кон животната средина, вработените во Телеком селектираа дел од собраниот отпад и го предадоа на рециклирање. Акцијата за чистење на Градскиот парк, вработените ја реализираа во соработка и поддршка на непрофитниот постапувач со отпад „Пакомак“ и Градот Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија