Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија
Објавено во: Мои пари 01 Април, 2023 13:19
Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен.
Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија.

Ова е прв сертификат од TUVдобиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин Машинс, која се наоѓаше во Шкотска и го префрли производството на возилата во Македонија.
Mоделот 636, кој е целосно развиен од страна на македонските инженери и произведен во фабриката во Велес, ќе биде носител на ознаката ,,CE” на производот (Conformité Européenne, European Conformity), која значи дека производот ги исполнува сите основни безбедносни и здравствени барања во однос на упатствата на ЕУ и хармонизираните стандарди.

TUVe меѓународно сертификационо тело кое ги сертифицира најголемите светски брендови на возила.
Сите возила на БРАКО од претходните линии имаат сертификати за квалитет со кои се продаваат на светскиот пазар.

ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




