Возилата со странски таблици треба да имаат и зелен картон за да се регистрираат со двојно пониска цена: Законот готов
Објавено во: Економија 06 Декември, 2020 08:24
Готов е предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата. Владата го испрати во Собранието, а регстрацијата на странските возила со намалени давачки ќе се применува една година.
Со овој закон сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото ќе имаат можност да ги регистрираат возилата со 50 отсто пониска цена од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.
Возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови - сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, а возилото да е влезено на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
Сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилототреба да поднесе барање за регистрација но и следните писмени докази.
1. потекло на возилото,
2. сопственост на возилото,
3. регулирани царински и даночни обврски за возилото,
4. потврда за сообразност или согласност за регистрација, ако се работи за возило за кое треба да има таква потврда или согласност согласно со одредбите од Законот за возила,
5. техничка исправност на возилото, освен за возило за кое техничкиот преглед не е задолжителен, согласно со членот 50 од Законот за возила,
6. запис од измерени вредности од емисиите на издувни гасови на возилото,
7. запис за техничката исправност на системот за сопирање на возилото,
8. запис за техничката исправност на системот за управување на возилото,
9. извршено осигурување, платени такси, регулирани давачки на име надоместоци за користење на јавните патишта и за заштита на животната средина и други обврски пропишани со закон,
10. извршена одјава на возилото од надлежниот орган во кој е извршена претходната регистрација,
11. статус на возило со историска вредност (олдтајмер) и
12. АДР сертификат за извршено испитување на возило за превоз на опасни материи во патниот сообраќај.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




