14 Декември, 2025
0.0266

Возилата на БРАКО на саем во Бирмингем – закажани голем број презентации во повеќе британски општини

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2023 11:20

Добивај вести на Viber

Софистицираните возила за чистење надворешни површини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес беа изложени на Саемот за управување со ресурси и со отпад, кој се одржа во Бирмингем во Велика Британија (Resource & WasteМanagementЕxpo – RWME).

„Брако и Грин Машинс се традиционално дел од оваа светски позната манифестација. Оваа година ги претставивме електричните модели 400 ZE и 500 ZE, како и унапредениот дизел модел 636 stageV. Закажавме презентации во повеќе британски општини, така што до крајот на годинава многу потенцијални корисници ќе имаат можност за директно запознавање со можностите и бенефитите од употребата на возилата од брендот „Грин Машинс“. Особен интерес привлече електричниот модел 400 ZE, кој се издвојува со иновативниот систем за рециркулација на воздухот“, посочува Благој Шалев, извршен директор на БРАКО, кој присуствуваше на саемот.

Посетителите на саемот беа информирани дека Грин Машинс не само што продава возила, туку нуди и нивно сервисирање и комплетно одржување преку повеќегодишни сервисни договори.

Шалев ги сподели и импресиите од средбите со претставници на локални власти и компании кои веќе се корисници на возилата на БРАКО.

„Имавме и одличен фидбек од општини и компании кои веќе ги користат нашите модели пришто ги истакнаа и придобивките од досегашното користење на моделите 500 ZEи 636 stageV, кои се сертифицирани за меѓународен квалитет од страна на меѓународното сертификационо тело TUV, со седиште во Германија. Велат дека возилата се ефикасни, ефективни и се токму она што им е потребно за да нивните јавни површини бидат кристално чисти, а притоа животната средина не се загадува со издувни гасови“.

На годинешното издание на саемот во Бирмингем „Грин Машинс“, заедно со уште други 500 изложувачи презентираа високотехнолошки решенија ,споделувајќи  искуства и знаења за  позитивните промени во животната средина.

Саемот е еден од врвните европски настани посветени на животната средина и еколошките услуги како платформа за забрзување на промените кон поодржливо општество.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија