Возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ ослободени од притвор
Објавено во: Македонија 24 Април, 2019 20:37
Судија на претходна постапка предвремено одлучи да и им го укине притворот на сопственикот и возачот на автобусот на „Дурмо турс“ одговорни за смртта на 16 патници кај Ласкарци пред два месеци. Двајцата обвинети се испратени во куќен притвор.
На оваа одлука, инаку донесена пред два дена, реагираше Основното јавно обвинителство со жалба, сметајќи дека судијата нема право кога сака да одлучува за притвор кој се продолжува на секои 30 дена.откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле истиот да биде продолжен.
„Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим „судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, гласи жалбата на ОЈО.
Оправдувањето на судијата било дека на двајцата им се влошила здравствената состојба.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




