14 Декември, 2025
0.1576

На улиците на Британија има нови двосмерни камери за брзина - еве како функционираат

Објавено во: Свет 28 Септември, 2023 14:07

Добивај вести на Viber

Новите уреди, кои можат да детектираат возила кои брзо се движат во двете насоки, веќе фатија илјадници возачи само во првите неколку дена од пробниот период во југозападниот дел на Велика Британија, поточно Велс.

Пилот проектот доведе до поставување на четири нови камери, по две на секој столб, а 3.280 возачи веќе добија казни за само две недели работа. Веќе се зборува за успехот на овој проект и ширењето на камерите низ Велика Британија.

Како функционира ова (едноставно) решение? На еден столб има две камери и тие се свртени да ги покриваат двата правци на возилото.

Двонасочните камери се опремени и со инфрацрвена технологија, па „блицовите“ не се потребни.

Истражувањата покажаа дека фиксните камери за брзина го намалиле бројот на загинати или сериозно повредени за 50 отсто на патиштата каде што биле поставени низ Обединетото кралство.

Новите камери за откривање брзина ќе ги снимаат и оние возачи кои ненадејно сопираат непосредно пред камерата или забрзуваат откако ќе ја поминат. Камерите се успешно тестирани во Шпанија, а некои предупредуваат дека овие уреди наскоро би можеле да се најдат и на други европски патишта.

Еден радар седи пред фиксна камера за да ги открие возачите кои сопираат, додека вториот мобилен радар, понекогаш повеќе од еден километар зад камерата, ги зема оние возачи кои повторно забрзуваат откако ќе поминат.

„Доколку се воведат, овие уреди ќе фатат и казнуваат повеќе возачи кои брзо возат, охрабрувајќи повеќе возачи да се придржуваат до законските ограничувања и да ја подобрат безбедноста на патиштата. Една од четири фатални несреќи е предизвикана од пребрзо возење на патиштата во Велика Британија“, рече Гери Дигва, основач на компанијата за камери Road Angel.

„Само оваа шокантна статистика треба да ги поттикне возачите да размислат двапати пред да возат со брзина“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина