27 Јули, 2024
0.0280

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Банди ги ослободија речиси сите затвореници, воведен е полициски час на Хаити

Објавено во: Свет 04 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други насилни криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободиле речиси сите машки затвореници. Би-Би-Си утрово.

Вооружени банди упаднаа во затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и ослободија голем број затвореници.Повеќето од околу 4.000 мажи затворени во главниот град побегнаа, изјави локален новинар за BBC News.

Меѓу затворениците имало и членови на бандата обвинета за убиство на претседателот Џовенел Мојс во 2021 година.

„На полицијата и е наредено да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да го спроведе полицискиот час и да ги уапси сите прекршители“, рече министерот за финансии Патрик Боавер, кој ја извршуваше функцијата премиер.

Насилството во Хаити, најсиромашната земја во Америка, ескалира во последниве години, при што бандите се обидуваат да го соборат привремениот претседател Ариел Анри контролирајќи 80 отсто од Порт-о-Пренс.

Последниот бран на насилство започна во четвртокот, кога претседателот отпатува за Најроби за да разговара за доаѓањето на меѓународните безбедносни сили предводени од Кенија.

Водачот на бандата, Џими Шеризиер, рече дека ќе води координиран напад за отстранување на Анри, додавајќи дека целта на нападот била да се фатат шефот на полицијата и министрите на Хаити и да се спречи враќањето на Анри.

„Сите ние, вооружените групи во провинциските градови и вооружените групи во главниот град, сме обединети“, рече поранешниот полицаец за кој се верува дека стои зад неколку масакри во главниот град, пренесе Би-би-си.

Во бранот вооружени напади загинаа четворица полицајци, а петмина беа ранети. Француската амбасада на Хаити советуваше да не се патува во главниот град и неговата околина.

Полицискиот синдикат на Хаити побара помош од војската за обезбедување на затворот, но нивниот штаб беше нападнат доцна навечер во саботата.

Арнел Реми, адвокат за човекови права, чија непрофитна организација работи во затворот, објави на X дека помалку од 100 од скоро 4.000 затвореници остануваат зад решетки.

„Јас бев единствениот кој остана во ќелијата“, изјави за Ројтерс неидентификуван затвореник.

Од атентатот на претседателот Мојс во 2021 година, насилството е во пораст на Хаити. Неговиот наследник се уште не е избран, а избори не се одржани од 2016 година.

Според политичкиот договор, требаше да се одржат избори и Анри требаше да се повлече до 7 февруари, но тоа не се случи.

ОН објавија во јануари дека минатата година повеќе од 8.400 луѓе биле жртви на групно насилство на Хаити, вклучувајќи убиства, повреди и киднапирања, што е двојно повеќе од бројот регистриран во 2022 година.

Вонредна состојба на Хаити: Банди ги ослободија речиси сите затвореници, воведен е полициски час

Фото:Принтскрин/АП

Можеби ќе ве интересира

РЕАКЦИИ ЗА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ОТВОРАЊЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА - „Беше крајно непочитување на христијаните

РЕАКЦИИ ЗА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ОТВОРАЊЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА - „Беше крајно непочитување на христијаните

СО НИВНИОТ ПАСОШ МОЖЕТЕ ДА ГО ПАТУВАТЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Американскиот пасош паѓа сѐ подоле на листата

СО НИВНИОТ ПАСОШ МОЖЕТЕ ДА ГО ПАТУВАТЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Американскиот пасош паѓа сѐ подоле на листата

НАСА ОБЈАВИ НОВО ВИДЕО – ЈАГЛЕРОДНИОТ ДИОКСИД „ЈА ПОКЛОПУВА“ ПЛАНЕТАТА: Светот ја достигна највисоката температура досега

НАСА ОБЈАВИ НОВО ВИДЕО – ЈАГЛЕРОДНИОТ ДИОКСИД „ЈА ПОКЛОПУВА“ ПЛАНЕТАТА: Светот ја достигна највисоката температура досега

(ВИДЕО) САБОТАЖА НА ФРАНЦУСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА, ПОЖАРИТЕ ГИ ПРЕКИНАА ЛИНИИТЕ: Во пресрет на отварањето на ЛОИ во Париз

(ВИДЕО) САБОТАЖА НА ФРАНЦУСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА, ПОЖАРИТЕ ГИ ПРЕКИНАА ЛИНИИТЕ: Во пресрет на отварањето на ЛОИ во Париз

ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ОТПУШТА 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Дојче бан со големи загуби, ќе намалуваат кадар

ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ОТПУШТА 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Дојче бан со големи загуби, ќе намалуваат кадар

ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ОТКРИ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ ОД МОНАРХИЈАТА: „Сè што кажувам за моето семејство резултира со злоупотреба“

ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ОТКРИ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ ОД МОНАРХИЈАТА: „Сè што кажувам за моето семејство резултира со злоупотреба“

ШОК ИЗЈАВА! ФБИ се сомнева дека Трамп бил погоден со куршум

ШОК ИЗЈАВА! ФБИ се сомнева дека Трамп бил погоден со куршум

УНГАРИЈА ГО ЗЕМА НАЈГОЛЕМИОТ КРЕДИТ ДОСЕГА: Еве колку пари позајмила од Кина

УНГАРИЈА ГО ЗЕМА НАЈГОЛЕМИОТ КРЕДИТ ДОСЕГА: Еве колку пари позајмила од Кина

ПОТОНА ТАНКЕР СО 1,4 МИЛИОНИ ЛИТРИ НАФТА: Можна катастрофа за морето и брегот

ПОТОНА ТАНКЕР СО 1,4 МИЛИОНИ ЛИТРИ НАФТА: Можна катастрофа за морето и брегот