11 Декември, 2023
0.0239

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници во масовна акција за обнова на шумите во Источниот регион

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

§  Виртуелните дрвца од „Боренка“ станаа природни

§  Насадени над 10000 садницина 4 хектари

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници, заедно со Национални шуми, учествуваа во заедничка еко акција за целосна обнова на шумите во Источниот регион. Насадени се нови 10 000 дрвца на површина од 4 хектари, во Делчево – Стар Истевник, регион чиј зелен појас беше оштетен од шумски пожари во 2020 – 2021 година. Оваа акција е дел од партнерството на Телеком со Сојузот на извидници, преку проектот „Боренка“.

„Боренка“ е еко иницијатива за обнова на опожарени региони во која може да учествуваат сите: како креатори на виртуелната шума или како волонтери за пошумување преку Сојузот на извидници и општините.  Во виртуелната шума на www.borenka.mkсекој може да нацрта и да засади свое виртуелно дрвце. Македонски Телеком се обврза за секое нацртано дрвце во Источниот регион да насади природно. Во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери:вработени во Телеком и извидници, виртуелната магента шума стана природна.

Македонски Телеком почна со обнова на зелениот појас зафатен од пожарите уште минатата година, како дел од ESG агендата на компанијата. Преку партнерството со Сојузот на извидници го прошири своето поле на делување, ја зголеми свеста за проблемот и масовноста на акцијата.  

Освен акциите на терен и креирањето виртуелна шума, со ова партнерство се јакне и се развива волонтеризмот и едукацијата на најмладите за заштита на животната средина. Во последниве неколку месеци, над 3000 деца од Македонија беа дел од едукативните работилници на „Боренка“, каде што научија колку се важни шумите и нацртаа свое дрвце во виртуелната шума. 

Шумските пожари уништија голем дел од зелениот појас во Македонија, а за да се направи вистинска разлика потребна е заедничка  акција. Заедно со нашите пријатели извидници, повикуваме на масовно вклучување на граѓаните и компаниите за да се обноват сите региони зафатени од пожарите.

Повеќе за „Боренка“ на: www.borenka.mk

Македонски Телеком

press@telekom.mk

www.telekom.mk


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?

Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција