14 Декември, 2025
0.0631

ВОЕН СОЈУЗ СО КОСОВО, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА: Бугарските власти се огласија по изјавата на косовскиот министер

Објавено во: Балкан 16 Април, 2025 20:13

Добивај вести на Viber

Бугарија сепак не влегува во воениот сојуз со Косово, Албанија и Хрватска.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев ги демантира информациите за неофицијален интерес на Бугарија за приклучување кон заедничката декларација на Албанија, Хрватска и Косово, објави БГНЕС.

Георгиев нагласи дека Бугарија е запознаена со иницијативата и дека внимателно го анализира текстот на документот, кој беше потпишан на 18 март 2025 година. Тој истакна дека до Министерството за надворешни работи пристигнало официјална копија од декларацијата преку дипломатска нота на албанската амбасада во Софија на 25 март 2025 година.

Министерот објасни дека Бугарија во ниту еден момент не била консултирана или официјално поканета да се приклучи кон иницијативата. Георгиев потенцира дека земјата одржува одлични билатерални односи со сите три држави. Со две од нив – Албанија и Хрватска, Бугарија е сојузник во НАТО, додека во Косово има бугарски воен контингент, дел од мировните сили на НАТО (КФОР), чија задача е да го гарантира мирот и стабилноста.

Демантот на бугарскиот министер за надворешни работи доаѓа по изјавата на министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, кој во интервју за ТРТ Балкан кажа дека имаат потврда од Бугарија, која претходно разговарала со хрватскиот министер за одбрана, за да се придружи кон тројниот договор.

Освен придружувањето на Бугарија, Маќедонци кажа и дека очекува кон овој договор да се приклучат и други земји од регионот.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството