14 Декември, 2025
0.0383

ВОЕН АНАЛИТИЧАР – „УПОТРЕБЕН Е „ЗВУЧЕН ТОП“, оружје кое го поседува српскиот безбедносен систем“

Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 21:30

Добивај вести на Viber

Звукот што го прекина петнаесетминутниот молк на денешниот студентски протест и предизвика паника кај насобраните е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.

Радиќ наведува дека се работи за американско несмртоносно, агресивно, звучно оружје кое има за цел да оневозможи цел, односно да служи како уред за онеспособување.

„Најголемиот проблем на вечерашниот настан е - на кого му текнало да употреби вакво оружје? Во ситуација кога сите демонстранти беа мирни, кога се пренесуваше петнаесетминутната порака до жртвите, беше употребено оружје. „Единствената цел на овој чин е брутално прикажување на сила, доказ за ароганција, а мотивот е омраза кон сопствениот народ“, изјави Радиќ за порталот N1.

Тој вели дека со „звучниот топ“ веќе неколку години е опремен безбедносниот систем на Србија.

И пратеникот Здравко Понош наведува дека според информациите што ги добил се работи за звучно оружје.

„Реакцијата на толпата, дека се чувствуваат како нешто да поминало покрај нив, е резултат на употребата на звук, со цел да ги исплаши“, вели Понош.

Тој исто така објасни дека освен што предизвикува паника, овој тип на оружје може да се користи на повеќе начини.

„Употребата на ова оружје може да биде штетна и по здравјето, а тоа што се користело додека се траеше молкот во чест на жртвите, е целосен скандал“, вели Здравко Понош.


Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?