„Водовод и канализација“: На територија на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2018
За време на обилните врнежи од дожд проследени со силен ветер екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје беа излезени на терен и превентивно делуваа.
„Вонредно беа повикани 150 луѓе од секторот водовод и секторот канализација со што не се дозволи да се поплават критичните точки кои најчесто создаваат проблеми при обилни врнежи. Исто така би сакале да истакнеме дека на територија на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици“- велат од ЈП„Водовод и канализација“.