ВОДИТЕЛКАТА ЛИЛА: Го победив ракот
Објавено во: Стил 10 Март, 2023 16:09
Водителката Лила Филиповска за списанието за жени „Убавина и здравје“ за првпат проговори за својата најголема животна битка – ракот на дојка.
– Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – вели Лила за „Убавина и здравје“.
Таа вели дека кога ја слушнала дијагнозата „канцер на дојка“ била во тотален шок, но останала без глас.фото Инстаграм
Можеби ќе ве интересира
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




