Во земјава Жан Аселборн кој порача дека Големото Војдводство Луксембург не чека во ЕУ и НАТО
Објавено во: Македонија 09 Март, 2020
„Ве чекаме во ЕУ и во НАТО“ - порача на македонски јазик министерот за надворешни работи на Големото Војдводство Луксембург, Жан Аселборн, при посетата на Македонија во септември 2018.
Тогаш Аселборн во Владата имаше средба со тогашниот премиер Зоран Заев на која рече дека Македонија е на добар пат да ги осигура евро-атлантските интеграции и во таа насока изрази повик за успешен референдум во државава.
Денеска министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, повторно ќе биде во посета на Македонија.
Според најавите тој ќе има тет-а-тет средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров, потоа двајцата ќе и се обратат на јавноста а Аселборн ќе се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски.