14 Декември, 2025
0.0504

Во уреди за домаќинство вложивме над 170 милиони евра! Кои се лидери во продажба на уреди за домаќинство?

Објавено во: Економија, Анализа 25 Мај, 2023 07:35

Добивај вести на Viber

Многу работа за малку пари, но важно е да се задоволни купувачите. Ова би бил логичен заклучок кога ќе се вкрстат параметрите за обемот на продажба, заработката и продуктивноста кај наголемите ланци за продажба на апарати за домаќинство и бела техника. На пазарот на големите ланци за бела техника и „гаџети за по дома“ нема промени ама бројките покажуваат дека кризата, високите цени, цената на енергијата и неизвесната достава го земаа данокот. А продажбата на агрегатно ниво лани е нијанса е пониска од 2021 година...

Телевизори со рамен екран, компјутери, таблети, „паметни“ машини за перење и сушење, шпорети со рамни плочи, еколошки и штедливи фрижидери, клима уреди и инвертери, мали слатки „гаџети“ за модерни домаќинки... и што уште не. И сето тоа маркетиншки спакувано како штедливи уреди кои се грижат вашиот семеен буџет. И во годинава што измина бевме ревносни купувачи, направивме промет поголем од 170 милиони евра за нашите омилени или најпотребни уреди за домаќинството. Но, податоците покажуваат дека големите трговски ланци специјализирани за продажба на овие уреди беа погодени од глобалната економска неизвесност.

„Нептун“ останува лидер на пазарот од аспект на остварените приходи. Сетек е цврст на втората позиција, а е лидер според остварена добивка. Најефикасен е најмалиот – кумановски Алфи Би затоа што кај оваа компанија како добивка остануваат 7 отсто од приходот од продажба. Приходот кај сите нив е „статус кво“ или речиси ист како претходната година, иако всушност е незначително намален.

Кај оваа услужна индустрија е забележетелно негативното влијание на глобалната економска незивесност, зголемените влезни трошоци и поскапената логистика и зголемените трошоци за работење. Ова се во најкратки црти клучните работи за дејноста во која уживаме сите ние, затоа што нема човек кој не сака да ужива и одбира „гаџети за по дома“ во продавница за уреди за домаќинството.

Темата е изработена врз основа на податоци од Централен регистар на Македонија
Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година