05 Мај, 2024
0.0289

ВО ТРИЈАЖНИОТ ЦЕНТАР ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ И ПО 40 ПРЕГЛЕДИ ДНЕВНО: Сите се позитивни на ковид, директорот Костов за Фактор

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Амбулантата во Ковид-тријажниот центар во ГОБ „8 Септември“ која работ 24 часа дневно се прават и по 40 прегледи. Директорот на болницата, д-р. Христијан Костов за фактор изјави дека во последниов период сите кои се таму прегледани се позитивни на короона вирусот, по што во зависност од клиничката слика на пациентите или гио хоспитализираат кај нив или пак ги препраќаат на Клиниката за инфективни болести.

-Претходно во Тријажниот центар доаѓаа и суспектни пациенти на Ковид-19, но сега повеќе не е случај. Сите кои се прегледани се позитивни на вирусот, а дневно имаме и по 40 пациенти. Оние кои се навистина со многу тешка слика на болеста, со многу ниска сатурација, веднаш ги хоспитализираме во ГОБ „8 Септември“. Во самиот Тријажен центар секогаш чуваме дв-три кревети слободни за тие пациенти кои не се во состојба да ги транспортираме до Инфективната клиника. Оние пак, кои имаат не толку тешка, би рекол средна клиничка слика, веднаш ги препраќаме, односно ги транспортираме на Инфективна, вели д-р. Костов.

Освен амбулантата во Ковид-тријажниот центар, постојано функционираат и уште двете инфективни амбуланти. Д-р. Костов појаснува дека најголемиот дел од хоспитализираните пациенти се бубрежно болни кои се на дијализа и тоа се всушност најтешките пациенти за кои докторите се во постојана борба за нивните животи.

-Во текот на вчерашниот ден тимот од анестезиолози и интернисти, предводен од д-р. Даниела Буклиевска-пулмолог, успешно извадија од сипа двајца пациенти, кои мораа да примаат кислород поради исклучително тешката форма на ковид. Денеска се борат да отстранат од респираторен апарат уште еден пациент, кој исто така има тешка клиничка слика, појаснува д-р. Костов, додавајќи дека и покрај тоа што го намалија бројот на пациенти позитивни на ковид само на масксимум 50, секојдневието е макотрпна борба за нивните животи.

Д-р. Костов вели дека во моментов во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 150 пациенти кои не се заразени со корона вирсусот, а кај кои се извршени разни хируршки интервенции, откако болницата го продоилжи нормалниот тек на работењето.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува