29 Април, 2024
0.0547

Во срцето на Србија, каде животот е волшепство, а туризмот уметност – репортажа од Златибор!

Објавено во: Анализа 13 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Се наоѓа во срцето на Србија. Златибор е планина која се простира на површина од околу 1000 km2, , долга е 30км, а широка и до 15км. Златиборци се познати по својата мудрост и снаодливост. Сите Златиборци се Срби со православна вероисповест, а ги има околу 20.000. Многу се гостопримливи. Специјално за Фактор од Златибор, Мишко Иванов Златибор е планина која никого не остава рамнодушен, ама баш никого. Златибор мора да се доживее, за да потоа се прераскажува. Лоциран е на околу 500 километри северно од Скопје. Се наоѓа во срцето на Србија. Златибор е романтичен во зима, но оваа питома планина е прекрасна и во лето. Јас го посетив зимава. Како до Златибор До Златибор се патува по вообичаена маршрута.Автопатска делница до Ниш, а од Ниш преку магистрален пат мора да поминете низ Крушевац, Краљево, Чачак, Ужице за да конечно стигнете до Златибор. Патот е убав и лесен за возење. Се стигнува (со автомобил) за околу 5-6 часа, зависно од тоа колку паузи ќе направивте по пат. Волшепството на планината Како се приближувате накај Златибор, така ве обзема чувство на среќа, радост, топлина, уживање. Златибор ве пречекува со целиот свој раскошен потенцијал. Првиот впечаток е како да влегувате во рајска градина. Борова шума насекаде околу вас, а накитените борови со снег ви даваат впечаток како да сте на најубавото место во светот. Планината ве плени со сиот свој сјај, воздухот ве маѓепсува и конечно не ви преостанува ништо друго освен да се опуштите и да уживате во вистинска смисла на зборот. Златибор - место за сите генерации По првичното кафе за добредојде, планината едноставно не ве остава да седете мирни. Постојано ве кани за да ви покаже се што има. А на Златибор има, ама буквално се. Во центарот, пред плоштадот е распослано езеро, а околу него и пешачка патека. Како навлегувате подлабоко во Златибор, сфаќате дека сте го направиле вистинскиот потег за да барем за момент да побегнете од секјодневната реалност. Планина, чист воздух, убав и културен народ. Од трговски центар до кафе барови и дискотеки, преку кафеани и традиционални јадења, во кои доминира кајмакот, пршутата, скарата. Од коњи и коњски кочии со скии до бомбардиери санки. На Златибор има место за сите. Кога архаичното и модерното ќе се спојат на вистински начин Како навлегувате во Златиборските широчини така се соочувате со сите убавини на оваа прекрасна планина. Снегот од околу 30см кој го слушате како чкрипи под вашите чизми ветува. Веднаш штом ќе стигнете на скијачките патеки, ве пречекуваат насменаи лица кои ви нудат возење со коњски кочии со скии или јавање коњ (се разбира со нивна помош). Цената на една тура обиколка по Златибор (околу 30 минути) изнесува околу 10 евра. Малку погоре се скијачките патеки за они кои скијат. Патеките не се стрмни и токму затоа Златибор е идеално место доколку не умеете со скии, а сакате да научите да скијате. Долу кај целта ве пречекува друга група на насмеани лица кои ви нудат за изнајмување на санки за деца, бомбардиер санки, скии. Задоволството од триесетминутно возење со бомбардиер санки, кои достигнуваат брзина и до 200км на час изнесува 40 евра. Адренаилнот се зголемува уште кога ќе се качите на санката и ќе се упатите кон златиборските височини. Мирис на скара од сите страни мами, а греаното вино не смее да се пропушти Мирисот на скарата е неизоставен дел од Златибор. Ве мами колку и да се обидувате да оддолеете. Од гурманска плескавица до јагнешко под сач, од подварок до кисела зелка и туршија од разноразни пити до кајмак, пршута... Српската или уште повеќе златиборската кујна е нешто кое не смее да се пропушти. Посебен шмек на златиборската софра даваат и греаното вино или ракија, зависи кој за што ќе се одлучи. Цените на храната и пијалоците се идентични како и во Скопје. Еден ручек за едно четиричлено семејство, во чие мени би влегле скара, туршија, греано вино и ракија, кајмак и секако леб би ве чинеле од 35 до 40 евра.     Кафе барови за сите вкусови И кафето на Златибор има иста цена како во Скопје, па така едно големо макиато чини нешто повеќе од едно евро.Дневна и ноќна шема и низ кафулињата. Од Цеца и Лепа Брена до хаус. Кој каква музика сака во такво кафуле си влегува. Забавите почнуваат речиси од пладне и траат до доцна во ноќта. Пазар за сувенири, но и за кајмак и пршута  Речиси во центарот на Златибор се наоѓа и пазарот за сувенири. Буквално се што можете да замислите како сувенир кој е автентичен за Златибор можете да го најдете токму на пазарот за сувенири. Од чаши до магнети, од кавали до приврезоци. Домаќините повеќе од сигурно е дека нема да ве пуштат да си заминете од Златибор без да земете со себе нешто за спомен, за вас, но и за вашите најблиски. Веднаш до пазарот за сувенири е и пазарот на чии тезги можете да видите само кајмак и пршута, се разбира златборски. 1кг кајмак се продава за околу 10 евра. Пршутите пак имаа различни цени, од 15 до 20 евра, зависи дали е говедска или свинска. Туристичките работници веќе тријат раце од преполниот Златибор Златибор е единствената дестинација кои за новогодишните празници се полн прв. Веќе кон крајот на ноември прашање е дали ќе најдете слободно место. Сега, кога зимската сезона на Златибор е во полн ек,  веќе може да се оцени како навистина успешна, изјави директорот на Туристичката организација Златибор, ДарконЃуровиќ. Според неговите зборови за време на новогодишната ноќ во Златибор имаше 25.000, а моментално на планината претстојуваат 17.000 гости. -Преку 80% од капацитетите за сместување се пополнети, а уште поголем прилив на гости се очекува после 14 јануари од Црна Гора и Република Српска, каде ученичките распусти траат до крајот на јануари, изјави Ѓуровиќ. Снег на Златибор има околу 30см. Работи скијалиштето на Обудојевиц и лизгалиштето. Во ски центарот Торник во функција се сите патеки, така што скијалиштето работи со полн капацитет. Златиборската клима лек за брохијална асма Златибор има субалпска клима. Микро климата е исклучителна – има голем број на сончеви денови во текот на годината (повеќе од 200). Летата се топли, а зимите благи. Дожд паѓа релативно често, а снег има од октомври до мај. Магла речиси и да нема, бидејќи нема поголеми котлини во кои би се задржувала. Златиборската клима е поволна за лечење бронхијална асма и други алергиски болести. Неколку факти за Златибор На Златибор расте еден навистина редок вид на бел бор. Тоа е таканаречниот златен бор. Се верува дека Златибор го има добиено името, токму по овие борови. Највисок врв на Златибор е Торник. (1496 метри). Иако Златибор е исклучително богат со вода (реки, потоци, извори, бунари) на територијата на Златибор не постои ниту едно природно еззеро.