05 Декември, 2025
0.0557

ВО СРБИЈА РЕЧИСИ 600 НОВИ СЛУЧАИ - Предраг Кон вели дека е време за нови мерки

Објавено во: Балкан 06 Август, 2021 15:35

Добивај вести на Viber

Бројката од скоро 600 нови инфекции е изненадување, бидејќи се проценуваше дека оваа бројка ќе достигне 500 дневно оваа недела, и затоа наскоро се очекуваат 1.000 нови случаи дневно, предупреди српскиот епидемиолог Предраг Кон, додавајќи дека ситуацијата полека станува заканувачка.

Во разговор за Танјуг, Предраг Кон рече дека најголемите закани за состојбата со епидемијата во Србија се јавните собири и прослави, и недоволно вакцинираните, поради што сега е време да размислиме што не очекува наесен и да воведеме нови мерки.

„Репродукцијата на вирусот се зголемува и во тој случај растот на бројките нагло ќе се забрза. Не можете да очекувате дека здравствената струка ќе молчи, ние постојано зборуваме и предупредуваме дека не може да остане како што е. По мое мислење, сега е сериозно и време е да се види дали ќе се намали бројот на дозволени јавни собири, а се што е надвор од тоа ќе биде со задолжително носење маска, особено пред училиштата“, рече Кон.

Тој предупреди дека бројот на хоспитализирани во последните недели почна да расте во однос на бројот на отпуштања и дека ситуацијата полека станува заканувачка.

На прашањето дали може да се очекува Европската унија да ја отстрани Србија од зелената листа, Кон рече дека нема дилема.

„Тие дефинитивно ќе не затворат, нема дилема. Кога велам затворат, тоа значи во однос на различните ограничувања за влез. Различни земји ќе се однесуваат различно, туристичките земји генерално ќе имаат послаби пристапи заради зачувување на туризмот, а сето тоа ја зголемува активноста на вирусот. Повратниците од одмор се првиот показател дека се зголемува внесот на вирусот“, нагласува Кон.

Тој додава дека ни претстои ризичен период.

„Кога ќе го погледнеме сето тоа, тогаш е јасно дека овој максимум нема да избие веднаш во септември, може да се помести подоцна, но активноста ќе продолжи да се зголемува. Друга можност е да се достигне максимумот во текот на следната недела и да се достигне краткорочни падови, што се случи во многу европски земји “, објаснува Кон.

Повеќе детали на РТС.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии