Во скопска Железара ќе се дели дивиденда! Која компанија дава 40 денари дивиденда за акција?
Објавено во: Економија 08 Јули, 2021 07:07
РЖ Техничка контрола е „блек лабел“ на железарскиот конгломерат. Затоа што редовно дели дивиденда на своите акционери. Компанијата што има широка лепеза на испитувања во својата лабораторија за лани ќе подели 36 денари нето дивиденда на своите акционери. Тоа е 5,5 отсто на последната пазарна цена на таа акција
Акционерите на РЖ Техничка контрола одлучија да „се почестат“ со 40 денари бруто дивиденда по акција за 2020 годината што ја одбележа корона кризата.
Одлуката е донесена на последното акционерско собрание на таа компанија и е достапна на информативниот сервис СЕИ – НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност. Дивидендата ќе се исплати од резервите на друштвото за периодот до крајот на 2008 година, а станува збор за износ од 123.000 евра. Добивката за минатата година која изнесува 90.0000 евра акционерите ја наменија за нови инвестиции.
Дивиденда ќе добијат акциите кои се запишани на акционерите на 21 јули годинава. Тргувањето по тој датум не носи право на дивиденда на новите сопственици.
Минатата година беше една од најтешките за металната индустрија, а негативни последици почувствува и РЖ Техничка контрола чија работа во најголема мерка зависи од „Макстил“ и од „Либерти“ двете најголеми челичарски компании во Македонија.
Најголеми акционери на РЖ Техничка контрола се Бошко Угриновски кој поседува 23 отсто од акциите и Огнен Начевски со 5,2 отсто од гласачките права. Во сопствен откуп друштвото чува 10 отсто од акциите. РЖ Техничка контрола има над 3.000 акционери – домашни физички лица кои поседуваат 87 отсто од акциите на компанијата. Седум домашни правни лица контролираат 11 отсто од гласачките права.
Во изминатите две години (2019 и 2018 н.з.) РЖ Техничка контрола на своите акционери им додели дивиденда во износ од по 50 денари за секоја акција со право на глас.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




