Во селото Бањска се уапсени уште двајца Срби
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2023 19:28
Ново апсење на Косово. Во селото Бањска се уапсени уште двајца Срби и запленет е арсенал оружје, информираше денеска косовската полиција.
Тие се уапсени во хотел, а запленети се две возила, едно оклопно возило, како и едно тешко возило - багер, во кое е пронајдено поголем број различно оружје.
Меѓу запленетите оружја имало пушка од 30 мм, две долги пушки или митралези, еден снајпер, минофрлач и автоматска пушка, 74 чаури за пушката АК47, девет панцири и друга опрема.
Во Бањскиот манастир се пронајдени две пушки АК47 и еден панцир, кои наводно се одземени од локацијата каде што е убиен припадник на полицијата на Косово.
Дополнително, во соопштението се додава дека полициски единици се стационирани во атарот на селото Бањска и дека „таму го обезбедуваат и овозможуваат и пружаат помош според потребите и барањата на мештаните“.
Вкупниот број на уапсените за кои се смета дека се поврзани со пукањето во село Бањска и убиството на припадник на полицијата на Косово, е зголемен на осум, објави српски Телеграф.
Косовските власти тврдат дека шест лица од групата која изврши напад, се повредени и се лекуваат во Нови Пазар и бараат Србија да ги испорача овие луѓе.Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата Срби, кои беа убиени во Бањска, по нападот врз косовската полиција во неделата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Владата на Република Српска го прогласи 27 септември за Ден на жалост поради „трагичните настани на Косово“.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




