30 Април, 2024
0.0261

Градежништвото на стари патеки, ама паѓа изградбата на станови

Објавено во: Економија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Здружението на градежништво годинава со поголем оптимизам во градежништвото во однос на минатата 2018 година. Првиот квартал од тековната година  бележи раст, и во иднина се очекува нагорен тренд, истакна на денешната прес конференција во Стопанската комора на Македонија Андреа Серафимовски, претседател на здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.

„Во првите четири месеци од годинава, е зголемен вкупниот број на одобренија за градење. Од вкупно 977 одобренија, 466 се за градење на високоградба, додека 155 одобренија се за градење на нискоградба. Забележан е благ пад на одобренијата за градење на високоградба во однос на минатата 2018 година и тоа за 7,5 отсто, а пораст на одобренијата за градба се забележани во тековната година кај нискоградбата за 28 проценти“, истакна Серафимовски.

Опаѓањето на одобренијата за градење кај високоградбите според Серафимовски се должи и на новите законски промени, но и минатата лоша година во градежништвото си го направила своето.

Во првиот квартал од тековната година во градежништвото е забележан пораст и на договорени градежни работи.

Серафимовски потенцираше дека годинава во однос на минатата се зголемиле и договорените градежни работи за 34,34 отсто, или вкупно 46.996.055 милјарди денари.  А е забележан раст и кај вкупниот број на завршени градежни работи со 7,2 проценти.

Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот на здружението на градежништво при Стопанската комора, истакна дека во последните пет години бројот на празни станови во Скопје е скоро ист. Односно во моментов според нивните податоци има 5.340 празни станови.

Од здружението ги повикаа институциите при носењето на законите и промената на под законските акти да разговараат со засегнатите субјекти пред законот да влезе во собрание, а не отпосле со амандмани да се кочи донесувањето на законот, каков што е потребен на компаниите наместо да се донесен закон колку да се каже.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година