ВО ПОВАРДАРИЕТО ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ РИПНАТ ДО 35 СТЕПЕНИ: Внимавајте, УВ индексот ќе биде висок
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 06:30
Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




