Во понеделник тргување на берзата без трансакциски трошоци
Објавено во: Финансии 07 Септември, 2021
Во понеделеник на 13 септември е „Инвеститорски ден на берзата“, соопштија денеска од Македонска берза. На тој ден сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Поконкретно, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и банките и брокерските кужи преку кои се вршат трансакциите.
ПОтребни услови за реализација се инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од подолу наведените членки на Берзата. Дополнително износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен. Инаку трансакциите треба да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.
„Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата на во понеделник по втор пат го организира настанот „Инвеститорски ден“.
Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и осум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.