14 Декември, 2025
0.3293

„ВО ПОЛИТИКАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕДИТЕ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА“: Максим Димитриевски за Таравари

Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција. Ставот на ЗНАМ е дека секој, не само Таравари или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со нереформираната ДУИ и директна или индиректна соработка за нас како политички субјект е неприфатлив да биде составен дел на владиното мнозинство, рече синоќа претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија Максим Димитриевски. 

Како што појасни Димитриевски во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ, нереформираната ДУИ ги вклучува челните луѓе на партијата, сите оние кои беа поврзани со коруптивните скандали во минатото, сите оние кои го политизираа независниот судски и обвинителски систем и дополнително, како што рече, направија целосна политизација на целиот државен апарат или партизација против која ние се бориме. 

- Не е само г. Ахмети. Таму се еден голем број политичари, Сметам дека тоа е голема политичка партија, во која има голем интелектуален и кадровски потенцијал кој може да ги замени овие актуелните кои денеска таа партија ја водат од позициите таму каде што се, рече  Димитриевски, додавајќи дека тоа е нивна одлука и внатрешно прашање за нив. 

Димитриевски потенцира дека ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски однос во власта, а не притисок како во минатото. - Владината програма се имплементира во континуитет и заедно се бориме против корупцијата, како од надвор и од спротивната страна, така и во сопствените редови, подвлече  Димитриевски.

Прашан за претстојните локални избори, тој рече да се остави на времето, да се завршат разговорите и потенцира дека ЗНАМ поседува човечки, интелектуаелен и партиски капацитет да има свој кандидат во најголем дел од општинските организации, а тоа, како што реч, се вкупно 50.

- Мислам дека до крајот на мај ќе го имаме епилогот од самите разговори и тоа ќе го соопштиме, додаде Димитриевски.

Тој  информира дека не бега од судот, секој месец оди на рочишта и ја чека конечната одлука на судот или како што рече во овој случај на Обвинителствпото. 


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија