26 Април, 2024
0.0275

ВО ПЕТОК НА РАБОТА ДО 13 ЧАСОТ: Што велат газдите, а што работниците?

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Секој петок да се биде на работа до 13 часот. Oва е предлог на ДУИ со кој се бара во петоците да се работи со скратено работно време. 

Целта е велат, граѓаните да имаат повеќе време за да се посветат на семејството, а на тој начин да се зголеми и нивната продуктивност на работните места. Овој предлог ќе биде дел од изборната програма на ДУИ на претстојните избори.

Маријана Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека ова е неприфатливо, затоа што се прават споредби со странство, но на несоодветен начин. Додава дека во светот не постои индустрија каде се работи по 5-6 часа и тоа само во една смена. Перковска вели дека друг проблем е тоа што во земјава имаме голем број неработни денови.

Но, и во други секори има отпор.

„Мене тој предлог не ми се допаѓа, затоа што нема да одговара никому. Тоа не е добро ниту за газдите, ниту за работниците. Но, сепак платата зависи од прометот, а не од тоа до колку часот се работело. Ако имаме промет, ќе има и повисоки плати за работникот“, вели сопственик на фирма која се занимава со трговија во Свети Николе.

Кирил Каракутовски, сопственик на млекарницата „Малеш“ од беровско, кој има 17 вработени и 200 кооперантни, смета дека оваа мерка воопшто не е поволна за приватниот сектор, а би била прифатлива само доколку работниците во земјава се плаќаат по работен час.

„Доколку во Македонија работникот се плаќа по работен час, тогаш може да напушти два часа порано, и нема да има проблем“, додава Каракутовски.

Дел од работниците слушнале за овој предлог на ДУИ.

„За мене не е в ред да се работи во петок до 13 часот, затоа што се знае, имаме сабота и недела за одмор. Ако се работи само до 13 часот, ќе биде исто како да не е работен ден. Во државава немаме некој ред, многу се испомешани работите“, смета младиот Јетон А. од Тетово кој работи во приватен сектор.

Во светот постојат фирми во кои веќе извесен период се работи со скратено работно време, а Финска е првата земја со предлог да се работи само 4 дена во неделата и тоа со скратено работно време. Оваа идеја ја разгледува и Данска.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката