14 Декември, 2025
0.0488

ВО ПЕНЗИЈА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА: Дел од највозрасните здравствени работници се уште во првите редови против вирусот

Објавено во: Економија, Македонија 06 Јули, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Пандемијата на корона вирусот во првите редови ги мобилизираше сите здравствени работници, лекари, медицински сестри, помошен кадар. Дел од нив се пред пензионирање, дел веќе го остварија тоа право уште пред некој месец, но кризната ситуација едноставно не дозволува да го напуштат своето работно место, засега, барем до истекот на 2020 година.

-Согласно уредбата објавена 169/2020 година, здравствените работници и здравствените соработници кои што ќе исполнат услови за старосна пензија со 62 за жена односно 64 години живот за маж или па некој кој побарал со писмена изјава од работодавачот да им се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст согласно законот за работни односи, не можат да го остварат правото за пензионирање за време на траењето на вонредата состојба и по нејзиното престањување заклучно со 31.12.2020 година.

Од Минстерството за здравство велат дека во услови на најголемата светска здравствена криза мобилизацијата и ангажманот на сите здравствени работници е од огромно значење за справување со кризата и напоменуваат дека постојано се прават ротации на медицинскиот кадар, пред се за да има непречен тек на функционирањето во болниците и ковид-центрите во кои има најголем број пациенти заразени со Ковид-19.

-Уште на почетокот направивме ротација на кадарот со лекари од другите градови во земјата и од други клиники. Сите тие веќе ротираат и помагаат, пред се во болниците во Скопје каде што е и најголемиот удар. Целокупниот наш капацитет е ангажиран во третманот на пациентите со Ковид-19, и специјалисти на инфективната клиника, интернисти и специјалисти од анестезионологијата, сите медицински лица кои директно се врзани за експертизата за третманот на пациенти болни од Ковид-19. Целиот медицински кадар вклучен во третманот и лекувањето на пациентите со Ковид-19 е исклучително професионален и искусен во својата област, нашите експерти се признати од СЗО и нивните колеги од околните земји ги упатуваат  да се консултираат со нашите виролози, а здравствениот систем одлично се справува со зголемниот број на заболени од Ковид-19, истакнуваат од Министерството за здравство.

Инаку, медицинскиот кадар е постојано под силен удар на вирусот. Деноноќната исцрпувачка работа со пациентите болни од Ковид-19, не го штеди здравјето ниту  на оние кои се борат за здравјето на другите. Во ГОБ „8 Септември“ голем  број здравствени работници, пред се медицински сестри се заразија со вирусот, директорката на Општата болница во Куманово, во текот на минатата недела исто така соопшти дека е позитивна на корона вирусот, што според неа е последица на стресот и постојаниот ангажман околу пациентите.

За жал, од корона вирусот во Македонија од вчера има и прв случај на починат лекар. 64-годишниот уролог од Тетово, д-р Арификмет Деари, кој беше на само неколку месеци пред пензионирањето, ја загуби битката со болеста. Министерот за здравство, Венко Филипче, кој изрази длабоко жалење, уште еднаш повика неговите колеги да се чуваат и да се заштитуваат.

-Д-р. Деари беше хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19. По 15 дена болничко лекување Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани, напиша министерот Филипче.

Инаку, во соседна Бугарија, веднаш на почетокот на епидемијата, дури 85 вработени во Втората градска болница поднесоа оставки, откако беше соопштено дека во оваа здравствена установа ќе се лекуваат пациентите заразени со Ковид-19. Според неодмнешната изјава за БТВ на директорот на болницата, д-р Георги Тодоров, таму нема доволно квалификувани специјалисти за лекување на пациенти со акутни респираторни проблеми, но како што рече, повеќето лекари биле пред пензија и биле загрижени за нивната безбедност додека работеле со пациенти со вирусот корона.

Од друга страна, пак, пензионираниот проф. д-р Димитар Краја од Албанија, некогашниот шеф на службата за инфективни болести при Институтот за јавно здравје и професор на Медицинскиот факултет, беше меѓу првите кои се јавија на повикот на Министерството за здравство за да помогнат во справувањето со корона вирусот во Албанија.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“