29 Февруари, 2024
0.0301

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Цела недела помина откако македонската јавност беше потресена од веста за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, и двајцата жртви на истата криминална група, предводена од Љупчо Палевски Палчо. И по цели седум дена не престануваат шпекулациите за тоа кога настапила смртта кај девојчето, односно кое е точното време кога Вања починала. Во интерес на истрагата, Јавното обвинителство постојано укажува дека единствено од обдукцијата која се врши во Институтот за судска медицина ќе има одговори на сите овие прашања.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што потенцираат оттаму, е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина.

-Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста. Во Институтот за Судска медицина се работи  исклучително брзо со оглед на аспектите што треба да се проверат во ово случај. Не станува збор за обична обдукција, и какви било детали во моментов ќе ја нарушат истрагата, нагласуваат од Јавното обвинителство.

Во разговор за Фактор, проф. д-р Алексеј Дума, експерт по судска медицина, деонтологија и криминалистика, посочува дека она што во овој момент е најважно е да не се врши никаков притисок врз вештаците.

-Работат на случај за кој треба да бидат најсигурни во доказите, односно во резултатите од обдукцијата. Во овој „занает“ нема мислам,  нема можеби и така натаму...Форензиката е наука кога се мора да е дефинитивно, прецизно и точно. Некои анализи може да треба да се повторуваат. Нема правило кога точно може да заврши обдукцискиот наод. Секој предмет, секој случај е сам за себе, не постојат два исти. Кај клиничките обдукции работата е многу полесна, има болест, има историја и тоа е тоа. Во ваков случај, се треба да биде точно и прецизно. Со оглед на фактот што телото на девојчето не е пронајдено веднаш, туку цела недела подоцна, настанати се одредени промнени и затоа треба да се пристапи многу внимателно со цел резултатите од сите анализи да бидат точни и прецизни, појаснува професорот Дума, посебно нагласувајќи дека ова е сериозно сензитивен случај кога не треба и не смее да се избрзува со никакви заклучоци.

Освен тоа, нашиот соговорник вели дека Институтот за судска медицина е единствено обврзан наодот од обдукцијата да го достави само до Јавното обвинителство, а оваа институција, како што посочува, не мора да ги сподели информациите во јавноста, особено кога станува збор за предистрага.

-Се прават два примерока од обдукцијата. Едниот се испраќа во Јавното обвинителство, а другиот останува во архивата на Институтот за судска медицина. Тоа е правило, вели професорот Дума.

Освен резултатите од обдукцијата, се чекаат и резултати од вештачењето на двата пиштоли кои ги пронајде полицијата во околината на Скопје, а кои се поврзуваат со сторените злосторства. Тие се дел од истрагата, рече во четвртокот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вонредната прес конференција на која главна вест беше апсењето на Палевски во Турција кој е првоосомничен во целиот овој случај.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

КАРПОШАНИ СИ ГО САКААТ СТЕВЧО, КУМАНОВЦИ НАЈМНОГУ ЗА МАКСИМ - еве каде собираат најмногу потписи претседателските кандидати

КАРПОШАНИ СИ ГО САКААТ СТЕВЧО, КУМАНОВЦИ НАЈМНОГУ ЗА МАКСИМ - еве каде собираат најмногу потписи претседателските кандидати

ДАЛИ ПОЗНАТИОТ НЕВРОХИРУРГ ФИЛИПЧЕ Е МОЖЕН НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4? - чествување во Прилеп, се подготвува ли теренот за негово лансирање

ДАЛИ ПОЗНАТИОТ НЕВРОХИРУРГ ФИЛИПЧЕ Е МОЖЕН НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4? - чествување во Прилеп, се подготвува ли теренот за негово лансирање

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

ОПШТИНА СТРУМИЦА СО АКЦИЈА ЗА ЛЕО: Паркирај и донирај!

ОПШТИНА СТРУМИЦА СО АКЦИЈА ЗА ЛЕО: Паркирај и донирај!

КОГА ЌЕ ПОЧНЕ КАМПАЊАТА ЌЕ ВАЖАТ СТРОГИ ПРАВИЛА НА ИГРА: Нема употреба на државни ресурси за партиски цели

КОГА ЌЕ ПОЧНЕ КАМПАЊАТА ЌЕ ВАЖАТ СТРОГИ ПРАВИЛА НА ИГРА: Нема употреба на државни ресурси за партиски цели

НА ПРОФЕСОРКАТА ВАНКОВСКА И НЕДОСТИГААТ ПОМАЛКУ ОД 1.000 ПОТПИСИ: „Броиме ситно“, објави Апасиев

НА ПРОФЕСОРКАТА ВАНКОВСКА И НЕДОСТИГААТ ПОМАЛКУ ОД 1.000 ПОТПИСИ: „Броиме ситно“, објави Апасиев

ЌЕ МУ БИДАТ ЛИ ПОКРИЕНИ ТРОШОЦИТЕ НА ЛЕОНИД?: Демири вели комплетно се посветени на изнаоѓање решение

ЌЕ МУ БИДАТ ЛИ ПОКРИЕНИ ТРОШОЦИТЕ НА ЛЕОНИД?: Демири вели комплетно се посветени на изнаоѓање решение

Дизни планира спојување од 8,5 милијарди долари со индиска медиумска компанија

Дизни планира спојување од 8,5 милијарди долари со индиска медиумска компанија

РАЗОЧАРАНИОТ ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА СО ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА ЗА ВМРО - ДПМНЕ: продолжуваат партиските препукувања пред избори

РАЗОЧАРАНИОТ ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА СО ГОЛЕМА ДОНАЦИЈА ЗА ВМРО - ДПМНЕ: продолжуваат партиските препукувања пред избори