ВО ОКТОМВРИ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28, ЗИМАТА ПОСТУДЕНА СО ПОВЕЌЕ СНЕГ: Анализа за времето во Македонија
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2023 13:53
Оваа година месец
октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што
значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под
просекот, прогнозира Славчо Попоски.
Вели дека сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд.
-Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница. Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени. Првичните анализи пак за зимата 2023/2024 укажуваат на тоа дека ќе имаме повеќе врнежи од снег, но ќе биде и постудена за разлика од изминатите години, нагласува Попоски
ФОТО: Unsplash/Dan FreemanМожеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




