ВО НОВАТА ГОДИНА СВРТЕТЕ НОВА СТРАНИЦА: Што е тоа што ги попречува луѓето да ги остварат своите цели?
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025 07:37
При испраќање на старата и доаѓањето на новата година, луѓето си поставуваат цели, во смисла да најдат подобра работа, да вежбаат, да практикуваат здрав начин на живот, да си најдат хоби кое ќе ги исполнува, да донесат и реализираат важни животни одлуки. Но, од година во година целите се повторуваат и остануваат неостварени.
Психолозите советуваат дека луѓето треба да имаат реални замисли и да осмислат како преку помали чекори да стигнат до главната цел. Упорноста е многу важна во целиот процес од замисла до остварување. Важно е да се одреди прецизна временска рамка и колку финансии ќе бара реализирањето на одреден план. Добро е луѓето да се опкружат со други луѓе кои би помогнале за остварување на плановите. Треба да се направи листа на приоритети, енергијата да се посвети на најважните цели, а сите помалку важни работи можат да почекаат. На патот кон остварување на целите ќе има предизвици, но луѓето поради нив не треба да се разочаруваат, туку треба да учат од нив и тоа да го поттикне нивниот раст и развој. Овие луѓе можат да побараат совет, да се групираат во заедницата со лица со исти или слични интереси или технологијата да ја искористат за да ги расчистат своите недоумици. На неделно ниво можете да бележите, колку од малите цели кои ве водат кон главната цел се исполнети. Во целиот процес луѓето треба да уживаат и да бидат флексибилни.
„Им советувам на луѓето да бидат упорни, да не се откажуваат никогаш од целите. Упорноста секогаш се исплати на крај. Ќе има и падови, ама треба да бидат трпеливи и мотивирани. Ако се доволно упорни, ако доволно сакаат да постигнат нешто и работат на тоа, ќе им се оствари сонот. Луѓето треба да имаат реални цели и секој ден да работат на себе, тоа е најважното. Некои успеваат, а некои не. Зависи од карактерите и од други фактори. Треба да се има цврст карактер ако некој сака да се откаже од некој порок на пример“, вели Цветанка Петровска, психотерапевт.
Mногу истражувања покажуваат дека за Нова година луѓето си зацртуваат цели, но 60 отсто од нив веќе во јуни се откажуваат, а 20 отсто истите цели си ветуваат дека ќе ги исполнат дури следната година. Некои дури не се ни сеќаваат што си ветиле дека ќе променат кај себе на почетокот на новата година.
Студијата за новогодишните одлуки објавена во 2020 година покажа дека луѓето кои се фокусираат на конкретни цели се поуспешни од оние кои едноставно се обидуваат да ги отфрлат лошите навики. Во група од повеќе од 1.000 луѓе, научниците најдоа цели кои вклучуваат вежбање, губење на тежината и навики во исхраната.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




