29 Април, 2024
0.0386

Во Њујорк на оваа работа чекаат со години, а кај нас никој не ја сака!

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Оној кој бара да се запосли како комунален работник во Њујорк мора да се наоружа со стрпение, бидејќи на ред се чека и по неколку години. Според податоците кои ги објави санитарната служба на Њујорк, само оваа година имало 94.000 кандидати за 500 слободни места во градска чистота.

Трката е голема бидејќи платите се атрактивни. Почетник заработуба 34.000 долари годишно, а после пет години овој износ се зголемува двојно.

Така, иако се знае дека ќе бидат изложени на ладно, дожд, нечистотија и смени кои траат и по 12 часа, кандидати има секоја година се повеќе.

„За оваа работа, образованието не еважно. Се што ви е потребно, освен мускули и здравје, е возачка дозвола од Ц категорија“, објаснува претставничката на  санитарната служба на Њујорк, Белинда Магер.

Платите се добри со причина, наведува таа:„Градот функционира благодарение на нив. Кога не би ја работеле својата работа, градот би бил во ужасна состојба. Не заборавајте дека тие се надвор на секое време, и зима кога улиците се под снег. Овие мажи и жени со причина се сметаат за херои на Њујорк“.

Џозев Лернан се вработил минатата година, после осум години чекање.

„Тоа беше како да сум добил како на лото“, вели овој 30-годишен Њујорчанец кој секој ден се буди во четири часот наутро.

„Кога станете комунален работник, сигурни сте дека секогаш ќе имате работа. Јас сакав беззбедност, а со оваа работа тоа и го добив“, вели тој.

„Вистината е дека треба да се чека со години, но затоа после ја работиш најубавата работа во градот. Кога излезе сонцето, не можам да посакам подобра работа од оваа“, раскажува овој млад Њујорчанец.

 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг