Во недела ќе се одржи 9. издание на HalkEco Скопје Трча 10КМ
Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2025 15:03
Во недела (11 мај) ќе се одржи 9. издание на HalkEco Скопје Трча 10КМ, во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К. Работнички.
На трката се пријавени 1700 натпреварувачи кои покрај генералниот пласман ќе бидат наградени и во три старосни категории. За првпат годинава, воведена е и категорија за учесници со телесен инвалидитет, со 12 пријавени учесници, од кои 9 машки и 3 женски.
Стартот на трката, со должина од 10 км, е закажан во 9 часот, пред фонтаната Лотос, каде традиционално ќе биде поставена и целта.

Тркачката патека ќе се движи по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански Одреди“, односно натпреварувачите ќе се движат по следната рута: по булевар „Илинден“ до крстосницата со улица „Никола Парапунов“, па лево по „Никола Парапунов“ до булевар „Партизански Одреди“, десно кон мостот Влајко , од каде полукружно ќе се враќаат до крстосницата со улица „Љубљанска“ и повторно полукружно назад преку улица „Никола Парапунов“ и булевар „Илинден“ до целта кај Фонтана.
Поради одржување на трката, од 8 до 11 часот, по наведените булевари и улици ќе има времен режим на сообраќај.
Насловен спонзор на HalkEco Скопје Трча 10КМeХалк Банка, а СКОПЈЕ ТРЧА го започна своето патување во 2017 година, со ентузијазам и желба да се збогати понудата на квалитетни трки и да се подигне свеста за активен живот меѓу граѓаните. Со годинешново, деветто издание, СКОПЈЕ ТРЧА станува традиционална трка, која секоја година продолжува да расте и да се организира на сѐ поуспешен начин.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




