18 Декември, 2025
0.1117

Во Македонија влегуваат H&M, Spar и BILLA: Светски брендови во новите трговски центри

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020 08:01

Добивај вести на Viber

Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, полските LPP и CCC планираат влез на македонскиот пазар. Фактор има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат. Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од Пандемијата на Ковид -19 има раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.

Според нашите информации влез на пазарот разгледуваат освен германски ЛИДЛ и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA.

Во делот на таканаречена брза движечка мода пазарот сериозно го анализира шведскиот H&M. Овој ланец продавници за граѓаните во земјава се уште не е достапен иако дел веќе пазаруваат оттаму во шопинг центрите кои се во земјите од регионот.

Според официјалните податоци на интернет-страницата на H&M, групацијата планира во 2020 година да затвори 170, но во исто време има план за отварање на нови 130 продавници како на постоечките, така и на нови пазари.

Нашите информации се дека интерес за влез имаат и полските LPP и CCC, а во сегментот на високата мода, познатиот германски трговски ланец Peek&Cloppenburg како и словенечката групација Sportina.

Ставот на CCC бил дека трговските центри и понатаму ќе останат робусен канал за малопродажба, а тие како активен учесник и во сегментот на трговските центри и на интернет продажбата. Сметале дека интернет-продажбата станува интензивно поскапа како канал на продажба, додека традиционалните канали, односно трговските центри, како резултат на намаленото општо ниво на закупнини стануваат поконкурентни. Според стратегијата објавена на интернет-страницата на LPP, пак,традиционалните продавници во трговските центри и фреквентните шеталишта е во план да останат главен извор на приходи на групата, но фокусот се става и на развој на интернет-продажбата.

Во 2019 година растот на трговијата во земјава се зголеми за 11,5 проценти во однос на претходната година.

Вкупната трговија на мало исклучувајќи ја продажбата на моторни возила и моторцикли во 2019 година изнесува 4,1 милјарди евра.

Во 2020 година како резултат на Ковид-19 кризата прометите во малопродажба имаат сериозен пад во април од 14 проценти, во мај годишниот пад е 11,6 отсто, додека во јануари и февруари имаше значаен раст.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа