Во Литванија почнува запленувањето на возилата со руски регистарски таблички
Објавено во: Свет 03 Март, 2024
Литванија ќе одземе возила со руски регистарски таблички доколку до 11 март не ја напуштат територијата на земјата, соопшти Царинската управа на Литванија.
Според извештаите, на територијата на Литванија се уште има луѓе кои возат автомобили регистрирани во Русија.
„Тие се обврзани или да ги регистрираат тие автомобили во Литванија до 11 март или да ја напуштат територијата на Европската унија. Оваа мерка нема да важи за сите оние кои транзитираат низ територијата на Литванија на пат кон руската област Калининград„ објави Царината.
Возачите ќе имаат 24 часа да ја поминат територијата на Литванија, под услов сопственикот на возилото да биде во автомобилот.
Да потсетиме, Европската Унија им забрани на граѓаните на Руската Федерација да влегуваат на територијата на ЕУ со своите возила, дури и ако се работи за туристичко патување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.