Во јавно претпријатие кое работи со загуба, исплатата на плати се зголемила за 12 отсто

Објавено во: Економија 24 Април, 2025 07:50
Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура, кое ги одржува пругите и железничкиот сообраќај, исплаќа по 40 илјади денари просечна месечна нето плата за своите вработени во текот на минатата година.
Според условната пресметка од годишното финансиско работење кое ЈП ЖРСМ Инфраструктура го објави изминатиот период, вкупниот број на вработени во Друштвото со состојба на 31 декември 2024 година изнасува 720 лица.
За бруто плати за вработените се исплатени 519.180.000 денари и за овој трошок, кој е меѓу најголемите на ова јавно претпријатие, се зголемиле издатоците за 12 отсто, бидејќи една година претходно за доходи на работниците биле потрошени 462.377.000 денари.
Под надлежност на ова друштво е изградбата на железничката инфраструктура, пред се Коридорот 8. Во рамките на овој проект оваа година во јануари беше пуштена во употреба пругата од Куманово до Бељаковце. Приходите кои како услуга ги наплаќа Македонски железници - Инфраструктура доаѓаат од транспортното железничко претпријатие, но најголемиот дел се државни субвенции од буџетот.
2024-тата била завршена со три милиони евра загуба, што е подобрување ако се знае дека во 2023 резултатот бил минус 11 милиони евра. Според објавената завршна сметка, 860 милиони денари (14 милиони евра) изнесува минатогодишната државна поддршка. Од меѓународните кредити за изградба на Коридор 8 биле префрлени 1,683 милијарди денари (27,5 милиони евра) на негова сметка.
„Основната дејност на Друштвото е да го организира и регулира железничкиот сообраќај, обезбедува пристап и користење на железничката инфраструктура на сите железнички превозиници, изградба, реконструкција, ремонт, одржување и заштита на железничка инфраструктура и други активности што се во функција на дејноста“, објавено е во годишниот отчет на јавното претпријатие.
Дадените аванси кое друштвото му ги исплатило на изведувачите за изградба на фазите од проектот Куманово - Бељаковце.-Деве Баир изнесуваат 10,5 милиони евра, што е послаб резултат за 3,6 милиони евра една година претходно.
Обврските кон добавувачи во земјата во текот на минатата година се зголемиле на повеќе од 5 милиони евра, а обврските за меѓународните кредити кои треба да се враќаат достигнале до 117 милиони евра.
Минатиот месец бугарското Министерство за транспорт и врски објави дека Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија со демант дека „не е одложена изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“. Од таму рекоа дека по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на македонскиот оператор. Ова може да значи дека македонската страна ќе ја забрза својата динамика на поврзување со бугарската граница.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Јагодите годинава поскапи, нема берачи во екот на сезоната

Советник на претседателката смета дека Зоран Ставрески не треба да биде гувернер

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

АЛАРМ НА БАЛКАНОТ! Регионот е под ризик од прекин на струјата, експерт предупредува: „Ако ова се случи, ќе има КОЛАПС“

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

ЕСЕНВА СТАРТУВААТ ГРАДЕЖИТЕ РАБОТИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДСКИ ВОЗ - првата линија ќе стартува од Зелениково и ќе вози до центарот на Скопје

ТУРСКАТА ШАХТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - објектот ќе надминува 13 илјади квадратни метри, еве ги деталите

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти
