21 Мај, 2024
0.0283

ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ И ДО 2 ТОНА КИСЛОРОД СЕ ТРОШИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ БОЛНИ ОД КОВИД: Двајца се интубирани, а сите имаат потреба од кислород-директорот Костов за Фактор

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Градската општа болница „8 Септември“ повторно е еден од најголемите ковид центри во Македонија. Според податоците кои за Фактор ги соопшти директорот, д-р Христијан Костов, таму се хоспитализирани 90 тешко болни пациенти. Смета дека дневно се уште има многи нови приеми. Само во последните 24 часа се примени 12 нови пациенти позитивни на вирусот.

-Поради компликации од Ковид-19 во болницата имаме 90 пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Како и во изминатиот период во нашата здравствена установа се носат пациенти кои имаат најтешка форма на болеста. Сите имаат потреба од кислородна поддршка. Да бидам поконкретен, од вкупниот број хоспитализирани, 10 пациенти се ставени на сипап апарати, додека двајца се интубирани, односно се ставени на респиратор. Другите пациенти исто така имаат потреба од кислородна поддршка. Болницата дневно троши од 1,5 до 2 тони кислород. Така беше и во изминатиот период, така е и сега, бидејќи пациентите коиу доаѓаат тука развиле исклучително тешки симптоми и нивната сатурација е навистина ниска, нагласува д-р Костов.

Тој потенцира дека во болницата болнички се третираат и 12 пациенти кои ги имаат примено двете дози од вакцината, нагласувајќи дека тие се со средно тешка клиничка слика. Нагласува дека во болницата пристигнуваат пациенти од ковид-центрите од цела Македонија, како и од приватни болници.

-Пациентите на кои значително им се влошува клиничката слика ги трансферираат од ковид-центрите во внатрешноста во ГОБ „8 Септември“, каде целиот медицински персонал е подготвен да ги преземе. За жал, имаме и тешко болни пациенти кои доаѓаат тука од приватните болници, кои престојот не можат да го продолжат таму поради немање повеќе пари. Но, дел од нив, повторно ќе речам за жал, се во толку лоша состојба кога не можеме да ги спасиме и покрај сите напори на лекарите и сиот медицински кадар, вели д-р Костов.

Д-р Костов уште еднаш нагласува дека со самиот факт дека огромен процент од хоспитализираните во болницата се невакцинирани пациенти, а оние кои се хоспитализирани а сепак се вакцинирани со две дози имаат далеку полесна клиничка слика од останатите, епидемијата на Ковид-19 може да се сузбие единствено со вакцинацијата против вирусот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат