Во Германија најдени замрзнати мигранти, меѓу нив имало и деца
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2017
На автопат во Баварија полицијата пронајде 19 замрзнати мигранти, меѓу кои имало и 5 деца со знаци на хипотермија.
Тие се нашле во таква состојба затоа што возачот на камион кој ги возел во задниот дел ги оставил без греење.
На местото каде се најдени биле неколку часа, а температурите биле -20 степени.
Тие прво побарале помош од луѓето на автопатот, по што е повикана полиција.
Иако немале документи кај себе, мигрантите кажале дека доаѓаат од Сирија, Ирак и Иран.
За криумчарењето платиле од 500 до 800 евра по човек и планирале да бараат азил во Германија.
Мигрантите рекле дека камионот имал проблеми со моторот пред да си замине возачот и да ги остави.