Во Франција ковид сертификатите ќе важат четири месеци
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2022 18:48
Франција го намали рокот на важност на ковид сертификатите од седум на четири месеци.
Почнувајќи од денеска на сила е новото правило. Рокот на важност на потврдата за вакцинација издадена во Франција, се намалува од седум на четири месеци, јавува француската телевизија BFMTV. Oние кои првично се вакцинирани треба да добијат засилувачка доза најмалку четири месеци по првите две дози. Досега, периодот меѓу првите две дози и дополнителната доза беше седум месеци. Се намалува рокот и за оние кои се заразиле, а потоа примиле една доза од вакцината, како и за оние кои примиле една доза од вакцината, а потоа се заразиле. Исклучок има за возрасната група 16-17 години, која не мора да прима трета доза за да ја задржи важноста на потврдата за вакцинација. Оние кои прележале коронавирус по примени две дози вакцина, се ослободени од дополнителна доза.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




