05 Декември, 2025
0.1484

Во експлодиран автомобил загина Дарија Дугина, соработничка на Путин под западни санкции

Објавено во: Свет 21 Август, 2022 09:20

Добивај вести на Viber

Дарија Дуѕгина, ќерката на Александар Дугин, инаку близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, е убиена во село во близина на Москва, откако експлодирал нејзиниот џип, пишува Би-Би-Си. Дугина беше новинарка која се залагаше за руската инвазија на Украина.

Претходно годинава, таа беше ставена на списокот на санкционирани лица од страна на американските и британските власти, кои ја обвинија 30-годишната девојка дека придонесува за онлајн „дезинформации“ за руската инвазија. 

Во 2015 година, САД го санкционираа нејзиниот татко Александар Дугин за неговата наводна вмешаност во руската анексија на Крим.  Него го гледаат како главен пропагатор на ултранационалистичката идеологија на која многумина во Кремљ се придружуваат и го викаат „Распутин на Путин“.

Дарија Дугина загинала откако автомобилот и експлодирал додека се возела кон својот дом. Наводно, во тој автомобил како цел на нападот требало да биде блискиот соработник на Путин, но тој влегол во друг.о возило. Дугин и неговата ќерка синоќа требало да се вратат од настан во ист автомобил, но таткото во последен момент влегол во друг автомобил.

Непотврдено видео објавено на Телеграм се чини дека го покажува Дугин како шокирано гледа додека службите за итни случаи пристигнуваат на местото на настанот. Би-Би-Си не можеше да ја потврди снимката од независен извор.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро