14 Декември, 2025
0.0308

Во едно од возилата на Косово се најдени документи од српски политичар

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2023 18:11

Добивај вести на Viber

Во едно од возилата од вчерашниот напад во северно Косово се најдени документи на потпретседателот на Српска листа, Милан Радојичиќ.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља ја соопшти оваа информација.  Радојичиќ е на црната листа на САД, но и е осомничен за убиството на косовско-српскиот политичар Оливер Ивановиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференцијата на која го презентираше арсеналот оружје, униформи и логистичка опрема што косовската полиција ги заплени на север, Свечља изјави дека тоа ја докажува поврзаноста или директното учество на Радојичиќ во нападот врз косовската полиција вчера во раните утрински часови, каде е убиен полицаецот Африм Буњаку.

Свечља изјави дека локални и странски експерти потврдиле дека за толкаво количество вооружување и такви подготовки потребни се најмалку неколку месеци. Тврди дека Белград е нарачател на нападот. 

Кремљ соопшти дека внимателно ја следи „тензичната и политички опасна“ ситуација на Косово. ЕУ повика на смирување на тензиите меѓу Косово и Србија. 

Косовските власти велат дека шест од напаѓачите се лекуваат во Нови Пазар и бараат Србија да им ги предаде. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството