Добивај вести на Viber
Германската компанија Bosch која се занимава со производство на бела техника и куќни апарати, ќе отвори голема фабрика во Cрбија, во Шимановац, и тоа многу наскоро. Поточно, според најавите на првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ, во ноември, а ќе вработи околу 600 луѓе, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ најави и дека германскиот производител на автомобили Mercedes, е се поблиску до бизнис договор со домашна компанија која произведува автобуси и камиони, FAP од Прибое.