Во Центар Жупа и Маврово нема да има градоначалници, Владата именува повереници
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2021 09:58
Владата наименува повереници, наместо градоначалници во во руралните општини Центар Жупа и Маврово- Ростуше, каде што на 17 октомври го немаше потребниот минимален цензус од 33 отсто излезност на гласачите.
Владата заклучила дека во овие краеви миграцијата на населението е огромна, па поради тоа не се очекува во повторено гласање да се обезбеди
За општина Центар Жупа владин повереник е Арјан Ибраим, инаку досегашен градоначалник на општината, а во Маврово- Ростуше, тоа е Медат Куртовски, досегашен градоначалчник на оваа општина.
Ибраими имаше повеќе гласови од неговиот противкандидат Шаин Шакир, а и Куртовски имаше предност во однос на Мевмед Џафери.
Во првиот круг и во двете општини се избрани советниците, каде мнозинство имаат СДСМ и колицијата.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




