Во Бугарија ќе произведува електрични возила, во Тетово само логистика?

Објавено во: Економија 05 Август, 2022
Домашната интернационала компанија „Еколог“ која оперира во светски рамки, на својата адреса во Тетово на улица „Индустриска“ ја доби како новорегистрирана германската старт-ап компанија Next e.Go Mobile позната по тоа што се занимава со производство на мали електрични возила.
Оваа компанија пред точно една година објави дека ќе инвестира 140 милиони евра во производство на електрични возила во Бугарија. Оваа вест ја потврди тогашниот бугарскиот министер за економија Кирил Петков, инаку доскорешен премиер на Бугарија.
Фабриката ќе се отвори во 2023, а истата ќе се наоѓа северно од градот Ловеч. Во истата ќе работат околу илјада работници. На потпишувањето на меморандумот беше и Али Везвеи, прв човек на Next e.Go, кој исто така е и извршен директор на тетовската компанија Ecolog International.
Петков тогаш како министер за економија рече дека бугарската влада ќе обезбеди вкупно 34 милиони евра за поддршка на германскиот Next.e.GO во три транши. Првиот ќе биде платен кога компанијата ќе почне да ги произведува своите електрични автомобили, вториот - кога ќе достигнат 10.000 автомобили, а последниот со 20.000 автомобили годишно.
Од „Еколог“, по испратените прашања од „Фактор“, засега не сакаат да одговорат дали Next e.Go Mobile има амбициозни планови во Македонија, или Тетово ќе биде само придружен логистички центар.
Регистрираната дејност од 1 август е „производство на моторни возила“, а за управител е именуван Фабијан Вајсенборн.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Генерали Инвестмент: Сушата и високите температури се повеќе ги мачат европските економии

СРБИЈА ВО ЈУЛИ РЕГИСТРИРАШЕ ВИСОКИ 12,8 ОТСТО ИНФЛАЦИЈА, очекуваат да продолжи поскапување и следните месеци да достигне 14 проценти

ХРАВАТСКА ГАСИ СТРУЈА, ДРАМАТИЧНА СОСТОЈБАТА ВО РЕГИОНОТ: Соседството се подготвува за зимата

УНИКАТНИ ГЕРМАНСКИ ДИПЛОМИ И ЗНАЕЊА ДИРЕКТНО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ ни го приближува дуалното универзитетско образование

ШТИПСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЛЕБ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ПОТРОШИЛА 572 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - дали се за плати, или за некоја друга причина

ЕСМ: Во РЕК Битола и РЕК Осломеј зголемено производство за 40 отсто

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО - 10,1 ОТСТО, поттикната од зголемените цени на храната и горивата
