Во април потрошувачките кредити стагнираат, годишно пораснале за над 12 отсто
Објавено во: Економија 21 Мај, 2020 15:29
Вкупните депозити, во април, се непроменети во споредба со претходниот
месец, при намалување на депозитите на корпоративниот сектoр, а истовремен
раст на депозитите на секторот „домаќинства”. На годишна основа, вкупните
депозити бележат зголемување за 6,3 отсто, при раст на депозитите кај двата сектора,
поизразен кај секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.
Кај вкупните кредити, во април, е остварен месечен раст од 0,2 отсто, којшто при пад на кредитирањето на „домаќинствата“, во целост е резултат на повисокото кредитирање на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, растот на кредитите изнесува 5,5 отсто и е под влијание на зголеменото кредитирање на банките на двата сектора, со повисок придонес на секторот „домаќинства“.
„Доколку
се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од
билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според
одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во април е забележан раст од
6,9 проценти на годишно ниво, стои во соопштението.
Кога станува збор за фирмите во април депозитите се намалени за 2,2 проценти, а кредитите на фирмите се зголемени за 0,6 отсто.
За граѓаните пак, депозитите на физичките лица се зголемени за 0,6 проценти, а кредитите за домаќинства се зголемени за 0,1 процент или на годишно ниво за 9,4 проценти.
Во април, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 12,1 проценти. Овој месец, кај станбените кредити, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и годишен раст од 13,6 проценти. Кај автомобилските кредити, втор месец по ред е остварен месечен и годишен пад, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 2,1% и 6,3%, на месечно и годишно ниво, соодветно.
Овој месец, негативните салда на тековните
сметки, забележаа месечен и годишен пад од 6,8 проценти и 5,6 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




