29 Април, 2024
0.0256

ВНИМАВАЈТЕ ШТО СНИМАТЕ: Ви се заканува казна од 3300 евра!

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Ако сте сопственик на дрон и би сакале со него нешто да снимате од воздух, во Хрватска мора да се придржувате до одредени правила.

Правилата се пропишани во посебна, помалку контроверзна уредба, во јули оваа година, а ако тоа не го почитувате, ви се заканува казна од дури 3300 евра, пренесуваат локални хрватски медиуми.

И, не само тоа, секое правно или физичко лице кое таквото снимање го обавува мора за таа дејност да биде и регистрирано.

Меѓутоа, во Националната класификација за дејности, таква дејност не постои, па тој услов во моментов не е можно да се исполни, објави Буг.хр.

Авторот на текстот напоменува и како снимката треба да се достави до Државната геодетска служба, а потоа таа ќе донесе одобрение за употреба на тие снимки.

Тука, притоа не се говори за снимање од хоби, туку за она за потребите на мерење на земјишта, истражувања, пространо уредување, како и за други земјоделски потреби. Како исклучок се наведени сопственици кои снимаат свое земјиште, така да тие не треба да имаат наведено одобрение.

Исто така, се вели дека снимање од воздух и она за потребите за истражување за културни и спортски настани и манифестации, како и снимање на сообраќајни гужви, сообраќајни несреќи, природни непогоди-тоа смеат да го прават „исклучиво телевизиски куќи со национална фрекфенција, како и правни или физички лица кои обавуваат снимање за нив“.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг