ВМРО-ДПМНЕ: Саша Богдановиќ служен во ресторан, градоначалникот вели дека бил во хотел
Објавено во: Македонија 21 Април, 2021 11:04
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Саша Богдановиќ. градоначалникот на Општина Центар, бил затекнат во ресторан во Дебар Маало во услови кога не е дозволено работење на угостителите.
„Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час. Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани. Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ“, тврди пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој тврди дека ова се случувало за време на полициски час и побара оставка од градоначалникот. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Саша Богдановиќ, за кршење на протоколите и законите.
„Се работи за кафеана во Центар, како што можевме да видиме од сликите и видеата кои што беа прикажани на социјалните мрежи, и навистина сметам дека нема апсолутно ништо и никаков протокол, никаков акт што би го заштитило градоначалникот на Општина Центар да не поднесе оставка и да не понесе одговорност за овој настан“, додава пратеникот без да информира за кој угостителски објект се работи.
Богдановиќ се јави со демант и вели дека бил во хотел каде сместувал странски кошаркар што ќе игра за КК Работнички.
„Целосно ги отфрлам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа ќе покренам граѓански спор“, вели Богдановиќ.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





